дома Вести Промоција на втората книга на Кокан Ајановски: „Трчам за тебе“

Промоција на втората книга на Кокан Ајановски: „Трчам за тебе“

Сподели го ова:

Утре, 16 април (вторник) во хотел „Сити Парк“ во 19 часот ќе се одржи промоцијата на втората книга „Трчам за тебе“, од Кокан Ајановски. На настанот ќе можете да слушнете многу работи за најголемата страст на Кокан Ајановски – трчањето, неговите мотиви, успеси и неговиот начин на популаризирање на трчањето и  здравиот начин на живот.

Книгата „Трчам за тебе“ е посебен осврт и внатрешен поглед на Кокан кон Трчањето, секојдневието и неговите размисли за животот.

Претходно од Кокан во 2020 година беше издадено неговото првенче „Трчањето ме учи“, која исто така даде интересен увид на трчањето како спорт но и субјективен приказ на Кокан врз секојдневието и животот.

Без оглед на вашата возраст, и двете книги претставуваат инспиративни четива кои речиси секого би го натерале да започне со трчање.

Сите се добредојдени на промоцијата.

Skip to content