По 17 години упорна работа и посветеност, започнувајќи од 2008 година, семејното земјоделско стопанство Маслинова Градина (Olive Garden) успеа да ја оствари својата визија – производство на врвно македонско ладно цедено Extra Virgin маслиново масло.
Со повеќе од 800 маслинови стебла, од сортите Chalkidiki, Ascollana и Picual, насадени на површина од 20.000 квадратни метри во село Пирава, општина Валандово, Маслинова Градина го заокружи целиот процес – од нива до трпеза. Нивната посветеност на квалитетот и традицијата резултираше со производ кој ја става Македонија на светската мапа на производители на ладно цедено Extra Virgin маслиново масло.
Во 2023 година, Маслинова Градина инвестираше во модерен производствен и складишен капацитет, опремен со најсовремена технологија за преработка и складирање на маслиновото масло.
Летото 2024 година беше клучно со набавката на високотехнолошки млин за ладно цедење, кој гарантира висококвалитетно производство во согласност со највисоките светски стандарди.
„Нашата цел отсекогаш била да произведеме масло кое ќе биде синоним за квалитет, традиција и автентичност. Горди сме што успеавме да го заокруживме целиот процес и што нашето масло може да се мери со најдобрите во светот“, изјави Александар Аврамовски носител на семејното земјоделско стопанство Маслинова Градина, а воедно студент на постдипломски студии по економски науки.
Производствениот процес во Маслинова Градина се води според строгите принципи на boutique производство.
Производство на здрав и квалитетен плод на маслинки, кои потоа се берат рачно без да се оштетат и се преработуваат најдоцна во рок од 4 часа од бербата.
Температурата на преработка како приоритет секогаш треба да биде околу 24 степени Целзиусови, што овозможува зачувување на сите нутритивни вредности и природни ароми.
Маслиновото масло се складира во специјални инокс садови, со цел да се избегне контакт со кислород, а истовремено се чува во контролирани услови на температура и влажност што придонесува за врвен краен производ без можност за оксидација на маслото.
Маслинова Градина е првото семејно стопанство во Македонија кое успешно го реализира целиот производствен процес – од одгледување на маслинките, преку преработка, па сѐ до финалниот производ – сѐ во рамки на државата. Ова значи дека секој чекор, од насадите во Пирава до финалното пакување, е 100% македонски, што гарантира автентичност и врвен квалитет.
Врвниот квалитет на производот е потврден со детални сензорски и нутритивни анализи, кои го позиционираат ова масло како вистински премиум производ – со ниска ацидност, богато со антиоксиданти, карактеристична жолто-златна боја и неодолив вкус со ноти на зелена трева и свежи маслинки.
Маслинова Градина се разликува од останатите производители по тоа што користи исклучиво маслинки од сопствениот насад, без увоз или откуп од други извори. Оваа целосна контрола на производствениот процес гарантира доследност во квалитетот и автентичноста на маслото.
Со примена на највисоките стандарди за хигиена и квалитет, вклучително HACCP имплементација, и регистрација во Агенцијата за храна и ветеринарство, Маслинова Градина со гордост го претставува првото македонско boutique ладно цедено Extra Virgin маслиново масло, произведено во ограничени количини, со неспорен премиум квалитет.