дома Вести Колективот наспроти индивидуализмот. Маалска иницијатива во Карпош 3

Колективот наспроти индивидуализмот. Маалска иницијатива во Карпош 3

Есен Скопје
Есен Скопје
Сподели го ова:

Во текот на вчерашниот ден се појави невообичаен пост во кој спонтано се зборува за заедничка акција на една зграда на улица Манапо во Скопје. Имено, самите станари се самоорганизирале и го оплемениле заедничкиот простор за живеење, поточно дворот пред зградата. Дваесетина млади луѓе, мотивирани од тоа да го направат своето место на живеење подобро, во неколку месеци поставиле неколку клупи, масички, кош. Организирале заеднички средби, спортски активности, летно кино, детски родендени…

Интересен е моментот дека во време на ладен индивидуализам, и наспроти се што се случува наоколу, самите станари без никаква поддршка од страна се решаваат на овој чекор.
Иако вообичаено е да се очекува во колективните живеалишта самите станари да се грижат за заедничкиот простор и самостојно да го подобруваат, сепак ова е редок случај каде група на луѓе водени само од чувството за колективна одговорност и заедничките потреби  се решаваат на овој чекор.
Пријатна и позитивна вест за тоа дека сеуште маалскиот живот постои. Доказ, дека кога се сака, се може да се реши.