Лајонсите во Македонија ја одржаа својата 19-та Национална Годишна Изборна Конвенција на Дистрикт 132.
По усвојување на годишната завршна сметка, следеше претставување на кандидатите за избор на највисоките функции во Д132. По гласањето, комисијата за избори ги објави резултатите: Бети Деловска од Лајонс клуб Кале беше избрана за гувернер на Дистриктот во 2023/2024 година, за прв вице-гувернер беше избран Хари Коцев од Лајонс клуб Пајко Маало, додека Маја Костовска од Лајонс Клубот Св.Пантелејмон беше избрана за втор вице-гувернер. На конвенцијата беа присутни 43 делегати од ХХ клубови. Целиот изборен процес го следеа поранешните меѓународни директори на ЛЦИ, Сандро Кастелана и Роберто Фрезија.