дома Вести Лајоните од Дистрикт 132 го одржаа последниот овогодишен состанок на кабинетот

Лајоните од Дистрикт 132 го одржаа последниот овогодишен состанок на кабинетот

Сподели го ова:
Викендот во Охрид беше реализиран состанок на Кабинетот на Дистрикт 132 на Lions International.
Голем број на членови од повеќе клубови од Македонија се собраа и направија анализа на досегашното работење како и проекции за активностите на Дисриктот во следната година.

Лајоните како интернационално хуманитарно здужение делуваат на повеќе сегменти на филантропија и хумани активности кои со текот на годините стануваат се позабележителни.
Во одредени средини веќе се препознава нивното делување и уште повеќе се зборува за ефектот кој акциите го имаат во средината каде делуваат Лајонс клубовите.
Осве по хуманитарната работа, препознатливи се и по незаборавните дружења и зближувањето на членовите од различни делови на Македонија.
Служиме! Тоа е нивниот слоган и сублимација на она по кое се препознатливи.