Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организираат конференција за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ.
Конференцијата е насловена како „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ и ќе се одржи на 28 мај 2024 со почеток во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Тема на конференцијата е Како Македонија може да стане пристојно место за живеење.
Конференцијата ќе ја отворат професор д-р Сашо Георгиевски, декан на факултетот и Александар Марјановиќ, директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
На настанот свои обраќања ќе имаат:
- Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Република Северна Македонија
- Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Република Северна Македонија
- Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025
- Бранко Геровски, новинар
На овој настан ќе бидат промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ од Бранко Секуловски. Промотори на книгите ќе бидат Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски Фили.
Со почит и во очекување