Бизнис Кафе Македонија како најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во земјавазаедно со Ротари Клуб Скопје Исток за минатиот четврток го организираа ексклузивниот БИЗНИС КАФЕ “SPECIAL” евент заедно со тројца одлични гости – говорници кои со присутните ги споделија своите професионални искуства и хуманиот аспект на нивните ангажмани преку Ротари клубовите од кои доаѓаат.
Говорници беа:
1. Елена Николоска, ко-сопственик на Ад Вербум – Ротари Клуб Скопје Исток
2. Гоце Арменски, сопственик на iVote, професор на ФИНКИ со повеќе од 20 години искуство во дигитална трансформација – Ротари Клуб Академија
3. Тома Аргир, технички и оперативен директор на “City Mall” Скопје – Ротари Клуб Скопје Запад
Одлично организираниот настан и прекрасната размена на идеи и енергија како обележје на настаните на Бизнис Кафе Македонија, не изостана ни овој пат.
Да се надеваме дека ова е само почеток на заедничко делување на Бизнис Кафе Македонија и Ротари клубовите ширум земјата.
Преку фотографиите ви пренесуваме дел од атмосферата на настанот.
Да се надеваме дека ова е само почеток на заедничко делување на Бизнис Кафе Македонија и Ротари клубовите ширум земјата.
Преку фотографиите ви пренесуваме дел од атмосферата на настанот.