За виното и придобивките постојат неколку митови и факти. Љубителите на вино веруваат дека една чаша црвено вино на ден е добро за вашиот организам. Ваквите верувања постојат последниве години. Но, дали навистина црвеното вино има придобивки за вашето здравје? Постојат повеќе истражувања околу тоа, а го докажуваат следново:
Помага против воспаленија
Хроничните воспаленија се штетни за вашиот организам зошто може да го зголемат ризикот од срцеви заболувања, нарушувања на имунитетот и одредени видови на рак. Покрај третманот со лекарства, ваквите воспаленија може да се спречат и со храна, а тука спаѓа и виното. Во црвено вино има соединение наречено ресвератрол со анти-инфламаторно својство. Потребна е една чаша дневно за да можете да уживате во здрав и вкусен пијалак достапен и во најблискиот маркет.
Го намалува оксадативниот стрес
Виното спречува оштетување на клетките предизвикано од хронични воспаленија и помага против стрес. Оксидативниот стрес е состојба предизвикана од нерамнотежа помеѓу антиоксидансите и нестабилните молекули наречени слободни радикали кои може да ги оштетат вашите клетки. Имено, се смета дека со конзумација на една чаша црвено вино дневно, оксидативниот стрес може да се намали до 50% и помага против замор.
Содржи антиоксиданси
Грозјето има високо ниво на полифеноли, тоа се антиоксиданси кои ги намалуваат хроничните воспаленија. Бидејќи грозјето од црвено вино содржи повеќе антиоксиданси од белото, поголеми се шансите да го покачите нивото на антиоксиданси во крвта. Колку поголемо е нивото на антиоксиданси, толку помал е ризикот од хронични заболувања. Треба само да изберете храна која најдобро оди со вино и да уживате во здравиот оброк.
Штити од срцеви заболувања
Со дневна конзумација од 150 ml црвено вино имате помал ризик од срцеви заболувања за 32% од оние кои воопшто не го пијат. Но, за правилна и здравствена употреба, треба да бидете внимателни. Прекумерната доза на алкохол може да има негативно влијание врз здравјето на срцето, го зголемува крвниот притисок и постои поголем ризик од срцеви заболувања. Само следете ги правилата за комбинирање на храна и вино и уживајте во вкусот.
Го намалува крвниот притисок
Високата концентрација на полифенол и антиоксиданси го намалува оксидативниот стрес, а со тоа се намалува и крвниот притисок. Доколку страдате од висок крвен притисок, наш совет е умерена доза на црвено вино. Научниците докажале дека со конзумација на умерено количество, може да го намалите ризикот од висок крвен притисок, при што се намалува и ризикот од срцеви заболувања.
Црвено вино за здрав стомак
Ако се прашувате како до брз метаболизам на природен начин – црвено вино е најсоодветниот одговор на тоа. Црвеното вино го поттикнува растот на здравите бактерии во стомакот кои го подобруваат метаболизмот и помага против метаболичкиот синдром, кој најчесто се јавува кај луѓето кои се борат со вишокот килограми.
Го подобрува менталното здравје
Како што кажавме претходно, црвеното вино се бори против оксидативниот стрес поради кој се јавуваат повеќе видови на заболувања. Доколку успеете да го регулирате со конзумација на црвено вино, ќе се изборите против депресијата. Имено, постои истражување кое кажува со 2-7 чаши неделно го намалувате ризикот од депресија и останати психички заболувања.
Заклучок
Доколку ја знаете и „ситната” информација за умерена дневна доза на црвено вино – го одржувате вашиот организам здрав. Ова се одлични вести за љубителите на црвеното вино. Ќе се подобрите во комбинирање на храна и вино, ќе бидете поопуштени во текот на денот и уживајте во секоја голтка. Доколку имате одредени хронични заболувања, пред употреба консултирајте се со лекар.